почеток     www.idividi.com.mk  
  пребарување:
OS:
559672559672  
моментално оnline посетители :
 12
Аудио - Видео
Бизнис
Дизајн и Фото
Desktop Подобрувања
Develop Алатки
Едукација
Интернет
Кориснички програми
Мобилни телефони

 

 FAQ

  Поставете прашање:

Прашање:
Име и презиме
Град
Држава
e-mail адреса
Дали ќе го објавите Windows Media Player 11 за скоро?
Да.
koга ќе симнеме некоја игра за да ја инсталираме на компјутерот дали лиценцата за инсталација е бесплатна.
Да. Инсталацијата на игрите, како и на софтверите кои се поставуваат на download.idividi.com.mk е комплетно бесплатна.
Што е Freeware ?
Freeware софтверот е бесплатен софтвер кој може да го симнете и инсталирате на вашиот компјутер, и нормално да го користите колку што сакате.
Што е Shareware ?
Ова е комплетно функционален софтвер што можете да го симнете, да го испробате и да одлучите дали ви е потребен или не. Значи оваа е комплетната верзија на симнатата апликација која има одреден период на користење. По истекот на тој период апликација прекинува да работи и доколку сакате да продолжите со користење потребно е да ја купите соодветната апликација.
Зошто не работи копчето Download ?
Многу често поради опасност од хакерите вашиот Интернет пребарувач може да го оневозможи автоматското симнување. Затоа е потребно да ги оневозможите опциите за заштита во пребарувачите, да го симнете саканиот фајл и повторно да ги активирате.
Каде отиде симнатиот фајл?
Еден од најголемите пробеми со симувањето на фајловите е откривањето каде одат откако еднаш ќе стигнат на вашиот компјутер. Проблемот ќе го елиминирате со креирање и користење на download фолдер. Со десен клик на вашиот десктоп, ќе се појави одредено Windows мени, со стрелката на глувчето одете на опцијата New на менито. Одберете Folder од тоа мени за да креирате нов фолдер на вашиот десктоп. Кога ќе се појави фолдерот, неговото име New Folder треба да биде осветлено, па само впишете го саканото име за него, на пример Downloads. Запомнете каде ќе го сместите креираниот фолдер. Кога ќе започенете да симнувате некој фајл, компјутерот ќе ве праша каде да го сними фајлот, а вие одберете го новокреираниот фолдер Downloads, па така секогаш ќе знаете каде се вашите фајлови.
Како да го инсталирам „симнатиот“ software?
Oткако еднаш ќе симнете саканиот софтвер на вашиот компјутер, потребно е да го инсталирате пред да го користите. Повеќето download-и се во форматите EXE или ZIP. Доколку станува збор за ZIP фајл, ќе ви треба WinZip или WinRAR да го „отпакувате“, иако поновите верзии на „Windows XP“ доаѓаат со вграден додаток за “unzipping”. Следно што треба да го сторите е да го активирате .exe фајлот и да ја проследите процедурата за инсталација.

FAQ
Контакти
Линкови
Правна напомена