почеток     www.idividi.com.mk  
  пребарување:
OS:
559669559669  
моментално оnline посетители :
 9
Аудио - Видео
Бизнис
Дизајн и Фото
Desktop Подобрувања
Develop Алатки
Едукација
Интернет
Кориснички програми
Мобилни телефони

 

 Правна напомена

Авторски право

Користење на податоците и информациите што се наоѓаат на оваа WEB страница, со цел да се употребат во други изданија од комерцијален или било каков друг карактер, е возможно само со претходно писмено одобрение од Македонски Телеком АД.

Податоци од личен карактер

Сите лични податоци што ќе ги оставите на оваа WEB страница, ќе се сметаат за строго доверливи и не постои апсолутно никаква веројатност тие да се злоупотребат од наша страна. Лична информација е информација која се однесува на личноста со препознатлив идентитет, или која лесно може да биде препознаена преку информацијата или мислењето кое го дава.

E-mail

Кога ќе ни испратите email:

  • ќе ја зачуваме вашата email адреса
  • ќе ја користиме вашата email адреса за намената поради која сте ни ја испратиле
  • нема да ја користиме вашата email адреса за други намени

Други лични информации собрани од наша страна, на пример, преку употреба на Online формулар,

  • ќе бидат собирани законски и со чесни намери
  • ќе бидат користени исклучиво за законски намени
  • ќе бидат собирани само со ваша согласност
  • намената поради која се собираат ќе биде прецизна и јасна
Податоци за посетеноста на сајтот

Кога ќе го посетите сајтот, вашата посета ќе биде регистрирана. Податокот го регистрираме поради статистички причини. Тој ќе биде користен од Македонски Телеком АД како помош за да го подобруваме сајтот. Башиот пребарувач (browser) не снабдува со следниве информации:

  • сервер адресата на корисникот
  • оперативен систем на корисникот (пр. Windows, MAC, итн.)
  • кориснички домен (пр. .com, .gov, .mk, .de итн)
  • датумот и времето на посетата на сајтот
  • посетените страници и документите превземени (download)
  • претходниот посетен сајт
  • типот на пребарувач (browser) употребен

Нема да се обидуваме да го идентификуваме корисникот или неговите пребарувачки активности, освен кога органот за спроведување на законот има потреба за проверка на листата на приклучоци кај интернет провајдерот .

Cookies

Cookies се делови од информација што web сајтот може да ги пренесе до хард дискот на личниот компјутер поради зачувување. Cookies можат да ви го олеснат користењето web сајтови со зачувување на информации за она што најмногу ве интересира кај одредени web сајтови. Информацијата останува на вашиот компјутер и откако ќе се исклучите од интернет.

Повеќето интернет пребарувачи (browsers) се однапред подесени да прифаќаат кукис. Доколку не сакате да примате кукис, можете да го подесите вашиот интернет пребарувач (browser) да не прима кукис или да ве предупреди кога се користат кукис.

Сигурност на информацијата

Вашата лична информација ќе биде објавена само доколку законот го дозволува тоа или доколку имаме ваша дозвола. Ние овозможуваме сигурна средина и сигурен систем, но мора да сте свесни дека составен дел ќе биде и ризикот кој е поврзан со преносот на информации преку интернет.

 

FAQ
Контакти
Линкови
Правна напомена